НАЈЧУДНАТА ПЕКАРА: Плажа на која со лопата СИ „КОПАТЕ“ СВОЈ ЛЕБ (ВИДЕО)

23.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈЧУДНАТА ПЕКАРА: Плажа на која со лопата СИ „КОПАТЕ“ СВОЈ ЛЕБ (ВИДЕО)

Жителите на Лаугарватн во Исланд најмалку сто години ја користат геотермалната енергија за готвење, но и за загревање на своите домови. Некои од нив смислиле како да направат атракција од традицијата, па гостите на хотелите и туристите можат да уживаат во појадок на плажа со термални извори, која е и пекара.

Доколку одите на прошетка покрај брегот на езерото во Лаугарватн, освен црниот песок, мирисот на сулфур и топлата вода која извира од земјата, ќе наидете на уште неколку интересни работи.

На пример, можете да видите луѓе како земаат лопата и копаат додека не откопаат железен сад, врел од зовриената вода.

Под капакот, добро завиткан во фолија, се наоѓа векна миризлив ‘ржан леб. Местата каде се пече традиционалниот ругбрауид ќе ги препознаете по купиштата камења расфрлани околу езерото под кои стои 24 часа. Меки, но цврсти текстури и малку сладок леб може да се пробаат на една од обиколките што водат до геотермалната пекара. Исечените парчиња леб се премачкуваат со домашен исландски путер и се јадат со чадена пастрмка уловена на езерото.

Некогаш неплодниот регион на Исланд, со текот на времето стана популарна станица. Чудата на природата на овој крај може да се припишат на положбата помеѓу две тектонски плочи чии бавни експанзиони магми и гасови излегуваат на површината, па служат како гориво за вулканите и топлите извори.

Она што му дава посебен шарм на овој специјалитет е температурата и времето на печење во врел песок на 30 сантиметри под површината. На таа длабочина температурата на изворот е околу 95 Целзиусови степени.

Со лесна подготовка лебот добива карактеристична текстура, а шеќерот и ‘ржта развиваат богати ароми и вкусови. Но, понекогаш лебот не успева. Тоа се случува кога нивото на водата во езерото се зголемува поради топењето на глечерите и ја поплавува плажата, а лебот се претвора во „каша“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата