„Вечерње новости“: На Косово со европски пари се купува опрема за трговија со органи

19.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Вечерње новости“: На Косово со европски пари се купува опрема за трговија со органи

Благодарение на бројни меѓународни донации, пред сѐ од Европа, на Косово се отворени многу клиники со најсовремена опрема, каде што меѓу другото, се вршат нелегални трансплантации и трговија со човечки органи, пишува српскиот дневен весник „Вечерње новости“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.

Потсетувајќи дека пред два дена, косовската полиција при контрола на приватна клиника во Приштина уапсила четворица осомничени лица за нелегална трансплантација и трговија со органи, весникот пишува дека последните петнаесет години профитабилна работа на Косово станло отворањето на приватни клиники на кои во најголем дел работат нестручни луѓе.

„Во нив се спроведуваат вакви црни интервенции“, пишува белградскиот дневен весник, потсетувајќи дека косовската полиција пред околу еден месец уапсила четворица за идентично кривично дело.

Агенцијата „Танјуг“, повикувајќи се на весникот, пренесува дека сомнителни клиники на Косово на најцрн начин прават обрт од милиони евра.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата