„Гугл“ потврди: Наскоро ќе има многу повеќе реклами на мобилните уреди

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Гугл“ потврди: Наскоро ќе има многу повеќе реклами на мобилните уреди

„Гугл“ објави дека наскоро ќе почне да поставува повеќе реклами и огласи на мобилните уреди, како што велат од компанијата, со цел да им олеснат на корисниците на Android и iOS полесно да најдат информации за производите што сакаат да ги купат.

Таканаречените „дискавери“ реклами ќе бидат достапни за сите огласувачи подоцна во текот на годинава како нов начин за пристап до корисниците преку екосистемот на „Гугл“.

Покрај „дискавери“ рекламите, „Гугл“ исто така откри дека за корисниците на мобилни уреди ќе овозможи и „галери“ реклами. Станува збор за нов формат на презентавија на производи кој доаѓа во вид од осум реклами кои ќе можат да се „прелистуваат“ лево и десно.

Исто така, со новата промена, стандардни реклами ќе се појавуваат во Гугл дискавер фидот кој е имплементиран во многу од почетните екрани на андроид уредите, како и на почетната страница на „Гугл“.

Овие реклами треба да ги поттикнат корисниците да дознаат повеќе за нови брендови и производи, информираат од компанијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата