Со секира нападнал мотоциклист во Катланово

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со секира нападнал мотоциклист во Катланово

Непознато лице вчера нападнало мотоциклист со секира, замавнувајќи во задниот дел од моторот, пренесе МВР.

„На 14.05.2019 година околу 17:30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај ‘Катлановска бања’, непознато лице се обидело да го нападне со секира. Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот. По тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата