Запалена новогодишната елка пред зградата на NewsCorp

8.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запалена новогодишната елка пред зградата на NewsCorp

Во раните утрински часови, маж одметнал пожар и запалил новогодишна елка. Полицијата го уапсила мажот, пренесува New York Post.

Новогодишната елка се наоѓа пред зградата на Midtown’s News Corporation, во Њујорк.

Празничната декорација беше осветлена нешто по полноќ. Пламенот набрзо се проширил на дрво на Фокс Сквер, поточно пред зградата на 6-та авенија во која се наоѓаат Fox News, The Wall Strees Journal и New York Post.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека пожарот за жал зафатил поголем дел од дрвото. Беше украсено со црвени, бели и сини украси, а на врвот имаше црвена ѕвезда. Сега се е уништено.

Пожарот зафатил и неколку други новогодишни елки кои биле во близина.

До гаснењето на пожарот, полицијата мораше да ги затвори сите околни улици за да не ги загрози останатите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата