Нов пораз за ТФТ, овој пат во Приштина

6.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов пораз за ТФТ, овој пат во Приштина

Нецели 24 часа по поразот од МЗТ Скопје, ТФТ веднаш одигра нов меч, овој пат во БИБЛ лига против Сигал Приштина на гости.

Тимот од Тафталиџе не успеа да се издигне, беше совладан со 80:73

Во првата четвртина ТФТ имаше сериозни проблеми , во одбраната пред се, им претставуваше Јан Палокај, кој за кратко време реализираше дури десет поени. Доволно тимот од Приштина да поведе со (17:10). А тој прв дел од играта да заврши со водство на домаќините од (22:18).

И не се променија многу работите ниту во втората четвртина, барем не по нашиот преставник. Сигал Приштина постојано го одржуваше резултатот, и до крајот на првото полувреме таа разлика беше и двоцифрена.

По 20.минути игра, домашната екипа водеше со повеќе од солидни (42:31). Осум поени во нашата екипа имаше Николов, по шест Маслинко и Хортон, премалку за нешто повеќе, барем не во тој прв дел од мечот во Приштина.

Ниту третиот период од играта не донесе добри моменти за кошаркарите на ТФТ. Напротив, екипата од Приштина направи уште поголема разлика Пред истекот на четвртината, поведе и со (66:48). Како најава за триумфот на овој меч во кој беше евидентно дека недостасува енергија во скопскиот тим.

По мала пауза, од десетина дена, на 15.декември во Скопје, ТФТ ќе го игра дуелот со Ибар.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата