ЕХФ: Европа едвај чека да види дали Митревски повторно ќе ја сопре Данска (ВИДЕО)

6.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕХФ: Европа едвај чека да види дали Митревски повторно ќе ја сопре Данска (ВИДЕО)

Полека почнува загревањето за Европското првенство кое во јануари 2022 година ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Македонија има тешка мисија, се најде во група со Словенија, Црна Гора и Данска.

Иако Словенците и Данците се фаворити за пласман во следната рунда, сепак нашите момци неодамна покажаа дека знаат да бидат и тоа како опасни. Ова на своја кожа го почувствува Данска, во Скопје беше поразена со 33-29 во дебито на Кирил Лазаров.

Никола Митревски беше посебно инспириран на оваа средба, запиша 13 интервенции.

Во ЕХФ водени од овој меч, со видео запис најавија нова пресметка: Европа едвај чека да види дали Никола Митревски ќе успее одново да ја сопре Данска.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата