Ужас во Сплит: Маж со 15 убоди со нож убил продавачка среде „Лидл“

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Сплит: Маж со 15 убоди со нож убил продавачка среде „Лидл“

50-годишен маж околу 15 часот влегол во продавницата и ја избодел 44-годишната В.П., неговата поранешна невенчана партнерка, пред очите на купувачите, која со тешки повреди била пренесена во болница, каде што наскоро починала.

Вработените во продавницата го фатиле мажот до доаѓањето на полицијата, при што бил приведен и пренесен во службените простории, а на местото на настанот полицијата одзела нож.

Индекс дознава дека сторител на делото е 54-годишниот Жељко Ѓекиќ.

Според Слободна Далмација, Ѓекиќ имал дете со жртвата, но во последно време не биле во врска. Полицијата досега не го евидентирала како сторител на кривични дела, ниту како семеен насилник.

Нешто пред 15 часот, убиената ги редела предметите на полица во продавницата, кога и пришол бившиот партнер.

Прво вербално ја нападнал, а потоа и со нож.

Тој ѝ викнал: „Не ми дозволи три месеци да го видам детето! Потоа почна да ја боде и јас не можев повеќе да гледам“, изјавил сведокот за Слободна Далмација.

Според првите податоци, 43-годишната жена била избодена околу 15 пати. Таа веднаш била пренесена во КБЦ Сплит, но набргу по нападот починала.

Напаѓачот бил совладан од обезбедувањето на Лидл со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот. Полицијата врши увид на местото на настанот, а започнала и претрес во станот каде живее убиецот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата