Арсовска на средба со градоначалниците на главните градови од Балканот

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовска на средба со градоначалниците на главните градови од Балканот

На средбите се разговараше за проекти кои се приоритетни за Град Скопје, како и за позитивни искуства кои може да се приспособат и имплементираат во нашиот главен град.

Градоначалничката воедно денеска ја потпиша Декларација за соработка на градови од Балканот, со заедничка визија за реализација на проекти, како би се воспоставила плодна соработка во области од заеднички интерес и изнаоѓање решенија на локално и регионално ниво.

Со Декларацијата сите градоначалници се обврзуваат на транспарентно и инклузивно локално управување, засновано на податоци и споделени знаења. Исто така, договорено е веднаш да се направат работни тела меѓу градовите, да се започне со планирање на проекти и работни активности што ќе придонесат за зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.

Формирањето на мрежата и потпишувањето на Декларацијата ќе им помогне на градовите да ги проценат тешкотиите и проблемите со кои се среќаваат и преку споделување решенија и добри практики, да се олесни носењето одлуки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата