Се јави сопственикот на Беса транс откако ОБВИНИТЕЛИТЕ РЕКОА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОБВИНЕТ

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се јави сопственикот на Беса транс откако ОБВИНИТЕЛИТЕ РЕКОА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОБВИНЕТ

Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување, напиша вчера на својот фејсбук-профил Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“, компанијата во чиј автобус на 23 ноември во Бугарија загинаа 45 патници.

Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за наше семејство. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Македонските власти соопштија дека автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за меѓународен сообраќај и дека не бил стар три, туку 13 години. Овој автобус во последната година без лиценца повеќе од 130 пати ја поминал македонската граница.

На вчерашната заедничка прес-конференција на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, со неговите бугарски колеги за големата автобуска трагедија на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 наши сограѓани, беше истакнато дека во досегашната истрага се сослушани осум лица, а на распит ќе бидат повикани уште. Меѓу првите кој е сослушан е и сопственикот на компанијата Беса Транс, чиј автобус целосно изгоре.

„Осум записници од распит на сведоци се дадени на бугарските обвинители, со што би можело да се помогне во истрагата и расчистување на случајот. Во следните денови ќе сослушаме уште многу лица, и исто така записниците ќе бидат доставени до бугарските колеги“, нагласи обвинителот  Јовески.

Според бугарскиот заменик јавен обвинител, од Окружното јавно обвинителство-Перник, сопственикот на компанијата Беса Транс не може да биде обвинет за сообраќајната несреќа, односно, конкретна вина се бара кај лице кое учествувало во превозот на патници или конкретно кај возачите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата