Мицкоски: Промените се случуваат, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ активно ги испорачуваат ветувањата

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Промените се случуваат, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ активно ги испорачуваат ветувањата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека новите градоначалници на партијата активно работат да го испорачаат тоа што го ветиле пред изборите.

-Во Свети Николе градоначалникот Дејан Владев, беше прилично исцрпен и даде силна, јавна презентација на тоа што се тековни проекти и она што е во процес на изработка и се планира во периодот да се работи. Навистина сето ова делува импресивно, многу се мотивирани што е важно, мотивацијата е на исклучително високо ниво, рече Мицкоски.

Тој вели дека во Свети Николе е дека изминатиот период многу малку се сработило, а тоа што се сработило се направило неквалитетно.

– Затоа нашите заложби во периодот кој следи ќе  бидат динамични и сакаме да го зголемиме интензитетот и динамиката на реализација на проектите, на тоа што сме го ветиле пред светиниколчани и во централниот дел, но и во руралните средини и селата кои се составен дел на општината. Градоначалникот информираше и за проектите кои ќе ги работи заедно Светска банка. Зборуваше и за населбите кои се уште немаат ниту атмосферска ниту фекална канализација. Зборуваше и за насушна потреба на 21 век а тоа е водовод во село Орел, изјави Мицкоски.

Тој рече дека преку глава им е на граѓаните од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале.

– Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори, рече Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата