Македонија денеска на “тест“ со Србија!

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија денеска на “тест“ со Србија!

Нашата најдобра женска репрезентација попладнево во Стара Пазова ја чека силна контрола со соодветната селекција на Србија. Ова ќе биде уште силен“тест“ за избраничките на селекторот Љубомир Савевски во време на ЕХФ неделата.

Мечот започнува во 17:30 часот, а интересно е што во понеделник Македонија ќе одигра уште една пријателска против Србија.

Нашите ракометарки неколку дена се подготвуваа за овие мечеви, останува да се види до каде е нивната моментална форма.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата