Видео: Се превртел автобус во Србија, повредени 10 лица

26.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Се превртел автобус во Србија, повредени 10 лица

Станува збор за автобус на линијата 860, кој сообраќал од Обреновац до Савскиот плоштад.

Десет лица се полесно повредени во судир на камион и автобус на патот меѓу Умка и Бариќ.

Дел од нив ќе бидат пренесени во Ургентниот центар.

На тој дел од патот се создал голем метеж, а полицијата наизменично пуштала возила.

Се чека шлеп служба за да го премести автобусот и да го тргне од патот. На лице место се екипи на Брза помош од Обреновац и полиција, пишува „Б92“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата