Кој е мистериозниот патник во автобусот кој се спасил и веднаш исчезнал?

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е мистериозниот патник во автобусот кој се спасил и веднаш исчезнал?

Бугарските медиуми, но и синот на еден од возачите велат дека имало уште еден патник кој се спасил од кобниот автобус но исчезнал во ноќта.

Дури се тврди дека патникот е од арапско потекло и оти никој не знае каде тој сега се наоѓа.

Ако се собере вкупниот број на жртви – 44 и бројот на преживеани 7, тоа се вкупно 51 лице, за разлика од регистрираните 52 на граничниот премин Капитан Андреево, посочи бугарската обвинителка Сијка Милева.

Недостасува еден патник, а тоа се поклопува и со изјавата на еден од преживеаните сведоци, кој тврдел дека 8 лица живи излегле од автобусот.

Милева вели дека дека 20 минути пред несреќата патниците одмарале на бензинска станица и се проверува видео надзорот за да се утврди кој влегол во автобусот и дали спорниот патник се качил таму.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата