СДСМ утре ќе заседава за ОСТАВКАТА на Заев

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ утре ќе заседава за ОСТАВКАТА на Заев

СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, на чиј дневен ред ќе биде оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

Доколку ЦО ја прифати оставката, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата.  Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Исто така, дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата