Американскиот тиктокер Дастин Тајлер (36) е убеден дека неговиот татко е холивудскиот актер Киану Ривс (57), за што зборуваше во неколку свои видеа на ТикТок и ги откри сите детали.
Дастин тврди дека неговите родители се развеле пред неговата мајка да дознае дека е бремена и дека тој пораснал мислејќи дека татко му починал кога бил мал.
-Кога пораснав, мајка ми конечно ми ја откри вистината и ми кажа дека татко ми е Кијану Ривс – објасни Дастин.
„Никогаш не реков дека татко ми ме остави, туку дека мајка ми не му кажа дека е бремена кога раскинаа“, додаде Тајлер. Тој истакна дека не очекувал Кијану да го препознае како свој син.
@omfgitsdustintyler##foryou ##fyp
Неговите многубројни обожаватели одлучија да го поддржат во неговото верување, а многумина од нив му поверуваа затоа што заклучија дека навистина личи на актерот. Дастин вели дека не му е грижа дали татко му ќе го признае, туку само сакал тоа да го сподели со сите, а Кијану се уште јавно не проговорил за наводното татковство.