Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија

Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија се обидуваат да ги надминат разликите во начинот на справување со приливот на мигранти, прашање кое ја зголеми поддршката за националистичките и популистичките групи во Унијата.

– Треба да ставиме крај на враќањето на мигрантите во земји кои не се безбедни, рече папата, давајќи ги како пример „илјадници мигранти, бегалци и други луѓе на кои им е потребна заштита во Либија”.

Поглаварот на Римокатоличката црква повика дека „мора да се даде приоритет на спасувањето на мигрантите на море, нивното организирано пристигнување на копно, алтернативите за нивно испраќање в затвор и договорените процедури за имиграција и добивање азил”. Тој побара од меѓународната заедница „да ги исполни своите ветувања” и да најде трајни решенија за миграциските бранови.

– Многу од овие мажи, жени и деца (во Либија) се предмет на нехумано насилство. Колку страдаат оние кои се вратени назад! Таму има вистински кампови. Никогаш не ве заборавам. Ги слушам вашите лелекања, истакна папата Франциск.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата