Заев во Кичево ќе го поддржи Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев во Кичево ќе го поддржи Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски

Ја потврдија поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата, па така во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев отворено порача дека во Чаир, Гостивар, Струга и Кичево, СДСМ ќе ја поддржи ДУИ.

Во Струга го поддржуваме Рамиз Мерко, во Кичево го поддржуваме Фатмир Дехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир го поддржуваме Висар Гани и обратно во другите општини, како и очекуваме поддршка. Каде се нашите двајца коалициски партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните сами да одлучат, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата