Ердоган се закани дека ќе протера десет амбасадори од Турција

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган се закани дека ќе протера десет амбасадори од Турција

Турскиот преѕседател Реџеп Таип Ердоган се заканил дека ќе протера амбасадори од десет земји вклучувајќи ја Франција, Германија, САД после повикот на тие земји Турција да го ослободи наводно противникот на режимот, Осман Кавала.

“Му кажав на нашиот министер за надворешни работи дека неможеме да си дозволиме да им (амбасадорите) посакаме добродојде во нашата земја“, рекол Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шветска и САД повикале во понеделникот на “праведно и брзо решавање на аферата Осман Кавала, турски издавач и мецена кој се наоѓа во затвор четири години без судење.

“Вие ли треба да делите лекција на Турција“, навел Ердоган и додал дека турското правосутство е независно.

Турските власти во вторникот ги повикале амбасадорите на десет земји, оценувајќи ги за “неприфатливи“ повиците за ослободување на Квала.

Власта во 2013 година го обвинила Кавала (64) позната личност во цивилното друштво дека сакал да ја дестабилизира државата. Кавала таа година ги подржал антидржавните протести. Исто така во 2016 година бил обвинет е за рушење на владата за време на неуспешниот државен удар.

Европскиот суд за човекови права наложил во декември 2019 година негово непосредно ослободување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата