Блед и исцрпен: Бил Клинтон се огласил после хоспитализација, одвај … (видео)

21.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блед и исцрпен: Бил Клинтон се огласил после хоспитализација, одвај … (видео)

Многу корисници на Твитер забележале дека некогашниот претседател на САД не изгледа добро.

Бившиот претседател на САД Бил Клинтон се огласил после престојот во болница. Тој на Твитер објавил снимка во која зборува за здравствена состојба после пет ноќи поминати под надзор на доктори, велејќи дека е “на пат на кон опоравување“

Клинтон на снимката се заблагодарил на сите кои се загрижиле за него посакувајќи му брзо оздравување, а убави зборови имал и за здравствените работници кои се грижеле за него додека бил хоспитализиран поради уролошка инфекција која прдизвикала сепса.

– Драго ми е што се вратив дома. Одлично се чуствувам и уживам во убавото време. На пат сум кон опоравување и сакам да ги потсетам сите да одвојат време да го слушаат своето тело и да се грижат за себе. Сите имаат работа и секој од нас има важна улога во животот и во блиска иднина. Ќе дадам се од себе да бидам тука, да продолжам да правам најдобро што можам – рекол Клинтон.

Корисниците на Твитер веднаш испишале голем број коментари, во кои му посакале брзо опоравување, додека многумина забележале дека делува исцрпено и одвај зборува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата