Соврешна комбинација: Вардарци им се поклонија на навивачите, со нив изгледаат опасно (ФОТО)

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Соврешна комбинација: Вардарци им се поклонија на навивачите, со нив изгледаат опасно (ФОТО)

После долго време вратите во СЦ „Јане Сандански“ се отворени за навивачите на Вардар 1961. Поради пандемијата на коронавирус „вулканот“ долго време беше празен, но од вечера тоа се смени.

Салата поради ковид-протоколите не беше исполнета, но оние кои успеаја да набават карти на време со сето срце навиваа. Токму навивачите заедно со Вардар прават соврешна комбинација, СЦ „Јане Сандански“ станува жежок и тежок терен, а ракометарите на актуелниот македонски првак изгледаат опасно.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата