ИЗБОРНО КОЦКАЊЕ: Како канадскиот премиер Џастин Трудо, во желбата ја за засили моќта, најверојатно, се поткопа себеси

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИЗБОРНО КОЦКАЊЕ: Како канадскиот премиер Џастин Трудо, во желбата ја за засили моќта, најверојатно, се поткопа себеси
Цастин Трудо лево, Ерин оТул десно на сликата

Канадскиот премиер Џастин Трудо имаше план да обезбеди посилно мнозинство во парламентот – тој одлучи да распише предвремени избори со надеж дека тоа ќе му донесе нови места.

Изборите се одржуваат наскоро, на 20 септември, но се чини дека премиерот Трудо всушност се поткопа во својата желба да добие поголема политичка моќ.

Имено, една недела пред изборите, анкетите не се во негова корист.

Според последните анкети, неговите либерали не се ни близу до 38% што би им биле потребни за да формираат мнозинство во парламентот.

Покрај тоа, може да се случи победата да ја преземат нивните конзервативни ривали, во моментов предводени од релативно непознатиот Ерин О’Тул.

Трудо се коцкаше и се чини дека нема да се исплати за него.

Многумина веруваат дека неговата изборна кампања била лоша, а демонстрантите честопати се појавувале на собири наместо да има поддржувачи, што го натерало да се појави и да се откаже од предизборен собир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата