Ќе има фудбал во недела, клубовите бараат итна вакцинација за играчите!

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе има фудбал во недела, клубовите бараат итна вакцинација за играчите!

Фудбал ќе има во недела, првенството почнува на 8. август. Ова е одлуката по денешниот состанок со прволигашите во хотелот Хилтон.

Само Шкендија барала одложување поради високите температури, но сите други клубови сакале првенството да почне во недела.

Сите клубови од Владата побарале итна вакцинација за фудбалерите, по одлуката од институциите задолжително тестирање на сите играчи пред секој натпревар.

До вакцинирањето ќе се прават тестирања на сметка на клубовите. Некои екипи веќе завршија со имунизацијата и подготвени ќе ја дочекаат новата сезона.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата