После пожарите, два земјотреси ја погодија утрово Турција

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
После пожарите, два земјотреси ја погодија утрово Турција

Два одделни земјотреси го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датца, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 02:56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датца, соопшти АФАД, пренесуваат турските агенции.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Медиумите потсетуваат дека Турција се бореше со силни шумски пожари претходните денови, а се шпекулира дека истите биле подметнати.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата