Пожарот во Кочани ја покажа неспособноста на власта

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарот во Кочани ја покажа неспособноста на власта

Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните.

Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето.

Мизерија и тотална неспособност.

Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази.

Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожар, но биле одбивани.

Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни. Но за жал не сме.

Оваа власт освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар, затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра.

А колку чини штетата или не дај Боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2 до 3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари.

Ова што се случува ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи.

Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност!

Заев мора да замине за Македонија да оди напред.

Концептот Македонија за сите луѓе ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата