Смена на тронот, Безос не е најбогат, ПРВОТО МЕСТО Е КАЈ ФРАНЦУЗИНОТ БЕРНАРД АРНО

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Смена на тронот, Безос не е најбогат, ПРВОТО МЕСТО Е КАЈ ФРАНЦУЗИНОТ БЕРНАРД АРНО

Според најновите деловните резултати во вториот квартал, акциите на „Амазон“ паднале за 7,6 проценти, па Безос, како најголем акционер, загубил најмногу или 13,9 милијарди долари. Затоа сега, францускиот тајкун Бернар Арно повторно се искачи на тронот на најбогатите, според Форбс.

И покрај фактот што акциите на конгломератот на Арно, LVMH, паднале за 1,4 проценти, најбогатиот Европеец е посиромашен за „само“ 2,9 милијарди долари, па оваа недела ја затвори со проценето лично богатство од 192,9 милијарди долари, пренесува Форбс.

Арно и Безос се менуваа на првото место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ беше   на престолот во последните 50 дена.

Французинот го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година, но неговиот конгломерат стагнираше со деловните резултати оваа година, особено од почетокот на летото.

Арно поседува 47% од акциите на компанија која обединува брендови како „Луј Витон“, „Моет & Чандон“, „Кристијан Диор“, „Тифани и Ко“.

Иако акциите на Амазон ја загубија вредноста, компанијата не се покажа лошо, само не толку добро како што се надеваа акционерите.

Американскиот гигант пријави 113 милијарди приходи, што претставува зголемување од 27 проценти во однос на истиот период минатата година, како и 7,8 милијарди нето добивка.

Сепак, Амазон предвидува дека приходите во третиот квартал ќе бидат помеѓу 106 и 112 милијарди, што е под претходните очекувања од 119 милијарди долари.

Падот на акциите на „Амазон“ влијаеше и врз богатството на поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која по разводот доби акции во компанијата, губејќи 4,6 милијарди, па сега нејзиното лично богатство се проценува на 56 милијарди долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата