ЛУЃЕТО СЕ ВРАЌААТ ОД ОДМОР ЗАРАЗЕНИ: Овие 10 ЗЕМЈИ се најголема закана од КОРОНА

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛУЃЕТО СЕ ВРАЌААТ ОД ОДМОР ЗАРАЗЕНИ: Овие 10 ЗЕМЈИ се најголема закана од КОРОНА

Институтот Роберт Кох го објавил својот редовен неделен извештај за состојбата од пандемија во Германија, кој меѓу останатото анализира и колку Германци се заразиле со коранавирус за време на годишните одмори во странство.

– Инфекциите со ковид 19 вероватно се случиле за време на патување или на одмор и играат голема улога.

Опфатен е период од четири недели…

Од 28 јуни со 25 јули регистрирани се 3.662 случаи новозаразени, а се претпоставува дека заболените биле изложени на коронавирус во странство, пренесуваат Новости.

Спрема податоците на овој институт, најмногу жители на Германија во изминатиот период се заразиле со коронавирус во Шпанија (1.247 лица).

На второ место е Турција (249), додека на трето е Холандија (203).

Хрватска се наоѓа на четврто место (197), а пета е Грција (180 заразени).

Од шесто до десето место се Русија, Франција, Италија, Австрија и Данска.

Секако, најмногу Германци со коронавирус и понатаму заразени се во самата Германија (81отсто новозаразени).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата