Џафери на 6. август ќе ги распише локалните избори: Македонија ќе гласа на 17 октомври

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џафери на 6. август ќе ги распише локалните избори: Македонија ќе гласа на 17 октомври

На 6. август претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише изборите.

Ова тој го кажа на брифингот со новинарите откако претходно беше познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.

Избори на 17. октомври ќе има и во Косово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата