Жителите на Белград утринава останале во шок кога поминувајќи по булеварот „Крал Александар“ виделе буквално филмска сцена.
Имено, како што пренесува српски Курир, група работници на едно градилиште вртеле вол на ражен.
Освен вол, се разбира, имале и се друго што им треба за една добра гозба.
Имале прибор за јадење, маса со чаршаф, шерпи…
Но забавата брзо била прекината.
На градилиштето стигнала Комуналната полиција да ги предупреди дека со вртењето на волот им пречат на жителите од околните згради, кои реагирале заради димот.