Димитар Андоновски ќе стане татко по втор пат! Уште еден син, се шири семејството на пејачот

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитар Андоновски ќе стане татко по втор пат! Уште еден син, се шири семејството на пејачот

Пејачот Димитар Андоновски ќе стане татко по втор пат, и ќе има уште еден син.

Убавата вест Димитар ја сподели со своите пријатели на Фејсбук, а всушност по повод откривањето на полот семејството организирало мала забава. Полот на бебето со кршење на торта-изненадување го откри синот Михаил, кој има четири години.

Овој пат желбата му се оствари на Михаил, кој си посака братче, а тато изгледа ќе треба да оди на трета среќа. Како и да е, нека со лесно и нека е живо и здраво.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата