Грција нема да воведе строги ковид мерки: Еден остров е вистински хит бидејќи сите жители се вакцинирани

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција нема да воведе строги ковид мерки: Еден остров е вистински хит бидејќи сите жители се вакцинирани

Грчката Влада не планира да воведе строги ограничувачки мерки, и покрај зголемениот број новозаболени од Ковид-19.

– Во Грција вчера има нови 3.600 лица заразени со коронавирусот за еден ден, изјави министерот за туризам Харис Теохарис.

Властите соопштија дека се интензивираат полициските контроли во туристичките места. Тие веќе затвораат објакти кои имаат повеќе клиенти од дозволениот број и не се во согласност со мерките.

Според локалните медиуми, ограничувачките мерки на островот Миконос не дадода резултати.

Локалните власти на островите сакаат поголема контрола, но не и строг карантин. Според лекарите, изминатите денови делта сојот брзо се шири на островите и детските кампови.

Островот Кастелоризо, каде сите жители се вакцинирани и нема заразени стана светски хит за туристите. Сите хотели таму се целосно резервирани и за септември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата