Спалети за Елмас: Може да го ставите каде сакате, тој е важен играч

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети за Елмас: Може да го ставите каде сакате, тој е важен играч

Личијано Спалети, тренерот на Наполи, ги кажа своите први импресии од Елиф Елмас. За него кажа дека е феномен, дека може да игра на секоја позиција во средниот ред, и дека е важен играч за тимот.

„Не можете да го разберете Елмас, затоа што има многу карактеристики. Може да го ставите да игра каде сакате. Имаме нешто исклучително, тој феномен.

Тој е важен играч. Го следам многу добро. Неговата улога е играч од средниот ред, секогаш е многу поврзан со топката“, рече Спалети.

Елмас на првиот контролен натпревар го постигна и првиот гол за Наполи во текот на подготовките.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата