САД ПРОТИВ предлогот на Ердоган за две држави на Кипар

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ПРОТИВ предлогот на Ердоган за две држави на Кипар

Соединетите држави отфрлаат какво било решение на две земји за Кипар споменато од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во изминатите денови, изјави претставничката на Стејт департментот Викторија Нуланд.

На прашањето во Конгресот дали американската влада недвосмислено ја отфрла таквата опција, таа одговори: „Да, апсолутно! Ние веруваме дека само процесот што го водат кипарските граѓани може да донесе мир и стабилност на Кипар“. За време на дводневната посета на северниот дел на Кипар, кој е под турска окупација скоро половина век, Ердоган рече; дека „трајно и одржливо решение може да биде можно само“ ако се земе предвид дека на островот има „две одделни држави и два одделни народа“. „Меѓународната заедница порано или подоцна ќе ја прифати оваа реалност“, рече Ердоган пред прославата на 47-годишнината од инвазијата на Турција врз островската држава.

Во 1964 година, ОН испратија мировници на Кипар; кои сè уште се таму, за да се стави крај на конфликтот меѓу двете тамошни национални заедници. По државниот удар на приврзаниците на обединувањето на Кипар со Грција, Турција во 1974 година го окупираше северот на островот населен со турско малцинство и ја прогласи меѓународно непризнатата „Турска Република Северен Кипар“. Во 1983 година, Советот за безбедност на ОН донесе Резолуција со која отцепувањето на кипарските Турци се оценува како незаконско. Европската унија, чиј член е Кипар, исто така ја исклучува можноста за создавање турска држава на островот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата