Тажна исповед на една мајка: Знаев дека не сакам деца, но родив син – од страв!

8.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тажна исповед на една мајка: Знаев дека не сакам деца, но родив син – од страв!

Многу жени се доживуваат предодрени да станат мајки и да имаат деца, додека пак други едноставно не сакаат. За среќа, во голем број на земји традицијата да се гледа жената како мајка е одамна надмината, па родителите ги учат своите ќерки да бидат тоа што сакаат – без оглед дали станува збор за воспоставување семејство или не.

Во слична дилема се нашла и една мајка од Австралија, која била свесна дека не сака да има деца. Таа сепак решила да забремени, само заради стравот дека нејзиниот сопруг ќе ја напушти.

Нејзината искрена исповед започнува со изјавата дека таа секогаш сонувала да има деца, но нејзиниот став се променил по првиот пропаднат брак кога таа имала само 24 години, пренесува Мирор.

-Моите родители имаат фотографии од мене како играм со кукли додека сум била дете или тинејџер. Едноставно, од мали нозе едвај чекав да станам мајка. Но тогаш се случи мојот прв брак кој се распадна по 6 месеци. Имав само 24 години и бев свесна дека тој брак не требаше да се случи, изјавила таа.

Меѓутоа, кога го запознала својот сегашен сопруг Бен била во доцните 30ти години и го изгубила интересот за сонот кој некогаш го имала.

-Едноставно бев исцрпена од животот и драмите кои ми се случуваа во тоа време. Повеќе не бев убедена дека сакам да сум родител и дека тоа е мојот сон, додава таа.

Сепак, Бен имал различни планови. Тој очајно сакал да има бебе и тоа веднаш по венчавката.

-Му кажав дека не сум премногу ентузијаст за идејата, но тој не сакаше да прифати. Тој потекнува од семејство каде секоја двојка има најмалку три деца, па истото се очекуваше и од мене, при тоа игнорирајќи го фактот дека сум стара за таква цел, додава таа.

Бен не можел да прифати дека таа не сакала да стане мајка, па на крајот ја убедил да престане да зема контрацептивни средства. Месеци подоцна тие дознале дека очекуваат син. Момчето сега има 2 години. Мајка му денес велидека го обожува, но признава и дека чувствува дека требала да си верува на своите инстинкти. Мајчинството не е за мене, вели таа.

-Едноставно не сум материјал за добар родител. Јас се грижам за мојот син најдобро што знам и го сакам бескрајно но понекогаш чувствувам дека не сум доволно вклучена во целиот процес. Едвај чекав да се вратам на работа, па така мојот син од мали нозе е во градинка. Дали ќе ми биде криво кога тој ќе биде постар? Не се сомневам во тоа, вели таа.

По долго размислување, таа денес конечно може да си признае сама на себе дека единствената причина зошто останала бремена е бидејќи сакала да го усреќи својот сопруг, Бен.

-Имав страв дека ако не сакам да останам бремена тој ќе ме остави за некоја која ќе сака да му роди дете, завршуваа таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата