Американскиот претседател Џозеф Бајден случајно залутал во ресторан за време на самитот на Г7, каде што биле новинарите кои потоа известувале за овој настан.

На видеото што беше објавено на социјалните мрежи, новинарите забележале дека Бајден не е таму каде што би требало да биде туку американскиот претседател дошол на терасата во ресторанот и почнал збунето да разгледува наоколу, најверојатно барајќи да ја види својата сопруга Џил која, подоцна, се појавила на другата страна од ресторанот и го повикала.

Новинарите, иако изненадени од неговиот изглед, не ја пропуштија можноста да го прашаат како се одвива самитот, а тој одговори: „Многу добро“.

Пред два дена Бајден пристигна во Велика Британија, што е прва станица на неговата европска турнеја за време на која покрај самитот Г7, тој ќе учествува и на самитот на НАТО, на самитот на ЕУ и на САД, а на 16 јуни во Женева ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење