На фарма во САД се роди теле со две глави

25.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На фарма во САД се роди теле со две глави

На една фарма во сојузната американска држава Монтана, родено е теле со две глави. Фотографијата од оваа, навистина ретка појава, ја објавила фармерката Хедер Херман, која навела дека го пронашла додека го прегледувала добитокот.

„Отидов во вообичаен дневен преглед на нашето стадо и зебележав дека една крава се издвоила од другите. Кога дојдов до неа, видов теле како лежи до неа а уште од далеку сфатив дека со него нешто не е в ред. Кога разбрав за што станува збор, не сакав ниту да гледам“ објаснила Хедер.

Таа додала дека ја зачудило како воопшто кравата успеала да се отели со такво теле а без помош, но рекла дека со кравата се е во ред и дека здравјето не ѝ е влошено. Телето, како што рекла, починало набрзо.

Цицачи со две глави се многу ретка појава, но се случува ако ембрионот делумно се одели или кога два одделни ембриони делумно се спојат, пишува „Метро“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата