Денес претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави видео од идната фабрика за вакцини во Србија.

Вучиќ напиша дека вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини, која се гради со партнери од Обединетите Арапски Емирати и Кина.

„Наскоро почнува и изградбата на фабриката за производство на ПЦР-тестови. Горд сум со Србија и со нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството“, вели Вучиќ во објавата со видеото.