Бразилскиот фудбалски ас и член на ПСЖ, Нејмар можеби ќе мора да оди во затвор. Имено бразилскиот борец за човекови права, Агрипино Магаљаеш поднел тужба против Нејмар поради хомофобични изјави и смртни закани и тоа дадени преку адвокатот на фудбалерот.

Тој од правосудството на Бразил бара милион долари оштета да му исплати фудбалерот и тоа поради малтретирање и душевна болка и затворска казна за фудбалерот на ПСЖ. Магаљаеш тврди дека живее во постојан страв од напади на лица кои биле организирани од Нејмар и неговиот адвокат. Наводно неколку пати морал да го менува своето место на живеење само да се спаси од нападите.

Инаку тој открил дека се започнало кога кај него дошле снимките како Нејмар го навредува поранешниот дечко на својата мајка, Тијаго Рамос, кој подоцна открил дека преферира и мажи.

Кога сме кај Рамос, да кажеме дека тој при крајот на минатата година бил нападнат во Мексико и во тој напад требало да биде убиен.

sportmedia.mk