Трамп испраќа вооружени војници на границата со Мексико

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп испраќа вооружени војници на границата со Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико. Тој рече дека сега испраќаат вооружени војници на границата и го повика Мексико да го запре новиот миграциски бран упатен кон САД.

„Многу голем карван од над 20.000 луѓе тргнал од Мексико“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој рече дека мексикански војници неодамна извадиле оружје против Американци од Националната гарда, а инцидентот најверојатно бил тактика за пренасочување на вниманието од наркодилерите.

„Подобро е повеќе да не се повтори. Сега испраќаме вооружени војници на границата“, вели Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата