Слатка мала лошо одиграла, останала без маж и пари: Врањеш ладнокрвно за разводот на Карлеуша

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слатка мала лошо одиграла, останала без маж и пари: Врањеш ладнокрвно за разводот на Карлеуша

Воопшто не го допрела оваа вест, Јелена одамна не го интересира.

Огњен Врањеш воопшто не го погодила веста дека неговата бивша љубовницата Јелена Карлеуша се разведува. Уште повеќе Врањеш смета дека неговата некогашна драга, со која тајно се гледал две години, добила што си барала. Ова го потврдил близок пријател на фудбалерот од Босна, кој му соопштил дека Јелена се разведува.

- Верувајте дека воопшто не го допре таа вест. Јелена одамна не го интересира. Баш разговарав со него за се што се случило и единствено што го интересира е дека таа ќе одговара за заканите и навредите кои ги изнела на социјалните мрежи. Му јавив дека се разведува, но тој на тоа кратко прокоментира дека добила тоа што барала. Ете, сега остана и без маж и без пари. Кај него работите се јасни од самиот почеток. Се што можел, тој и овозможил. Убаво и било додека добивала подароци, а се фалела на социјалните мрежи дека нејзиниот драг сопруг и ги подарувал. Страшно – зборува соговорникот, кој инсистирал на анонимност.

Тој исто така тврди дека Јелена живеела како кралица додека била со Врањеш.

- Имаше се. Што и да посакала,тоа и добивала. Покрај него баш уживала. Дома имаше мир, а со мојот другар љубов и внимание. Лошо одиграла слатка мала. Врањеш не го интересира ни дали се разведува, ни дали повторно ќе се мажи, само да одговара за своите непромислени изјави и закани кои му ги упатила и на тој начин го загрозила неговиот живот и животот на неговото семејство – заврил изворот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата