Принцот Хари одлучи да започне телевизико шоу за ментално здравје заедно со Опра Винфри, во која ќе учествуваат и некои од најголемите sвезди на денешницата.

Тој е еден од креаторите и извршните продуценти на шоуто за ментално здравје „The Me You Can’t See“ кое ќе се снима заедно со медиумскиот магнат и водителка Опра Винфри, а неговото емитување ќе започне наскоро и нема да биде бесплатно.

Триесет и шест годишниот принц објави  видео во кое предупредува дека повеќето луѓе носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага. Тој навести дека во емисијата ќе се зборува за сопственото ментално здравје и загубата на неговата мајка, принцезата Дијана, како и за сè што поминал откако Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, односно неговата сопруга.

Во повеќеделното шоу ќе бидат емитувани и интервјуа со: пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и ѕвездите на НБА, Демар Дерозан и Ленгстон Галовеј, кои ќе се обидат да им помогнат на гледачите со проблеми со менталното здравје и емоционална благосостојба.

Целта е преку надминување на разликите во културата, возраста, полот и социоекономскиот статус да се  дестгматизира оваа крајно сензитивна тема и да им обезбеди на гледачите надеж, кажувајќи им дека не се сами во своите борби.

Шоуто треба да започне да се емитува на 21 мај, објави Опра Винфри преку соопштение за јавноста, како и на социјалните мрежи, а принцот Хари рече дека се надева дека неговиот последен проект ќе покаже дека има сила во секоја ранливост.

Веста доаѓа два месеци по шокантното интервју на Хари и Меган со Опра, во кое, меѓу другото, разговараа за сопствените борби со менталното здравје.