Пронајдена огромна количина на оружје во Матејче

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајдена огромна количина на оружје во Матејче

Министерството за внатрешни работи информираше дека на нива во близина на Матејче била пронајдена поголема колочина оружје.

Вчера во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата