Обвиненија за тројца кои силувале дете од гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвиненија за тројца кои силувале дете од гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз дете, со што сториле кривични дела за кои им се заканува затворска казна од по најмалку 12 години.

Од обвинителството образложуваат дека првообвинетиот се товари за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

„Обвинетиот во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок“, се објаснува во соопштението.

Вториот обвинет во јули 2018 година му понудил пари на детето, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа.

Во текот на следните месеци тој го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел да договара сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го известува.

Поради ваквите дејствија, второобвинетиот освен за „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, се товари и за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.

Третиот обвинет се гони за продолжено вршење на кривичното дело бидејќи повеќепати извршил обљуба врз детето.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар заедно со обвиненијата до Основниот суд во овој град доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата