Формирана Kомисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Формирана Kомисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

На денешната владина седница, донесено е Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Како што информираат од владината прес-служба, Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција.

Комисијата треба да подготви јавен повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата или предлог за поништување на постапка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата