Skip to main content
x

4 May 2021 - 10:20
redakcija
Статија

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари, а засега се достапни вакцините на „Фајзер“, на „Астразенека“, руската вакцина „спутник В“ и кинеската вакцина „Синофарм“.

Од 05 април започна масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација.

„Заклучно со 02.05.2021, со ‘фајзер/бионтек’ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со ‘спутник В’ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на ‘Астразенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со ‘Синофамр’ се вакцинирани 953 лица“, соопшти ИЈЗ.

makfax.com.mk