Се зголемува водството на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ – победа во Вевчани

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се зголемува водството на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ – победа во Вевчани

Пробиштип гласаше за кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Таму убедливо води жената кандидатка за претседател – тврдат извори на Република. Пехчево и ја даде довербата на Силјановска Давкова и на ВМРО – ДПМНЕ. Таму разликата е околу 300 гласа. Убедливо е водството и во Штип, во Ѓорче Петров Силјановска води убедливо при обработени 78 отсто од гласовите. Во скопски Бутел речиси во сите изборни места води Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски, а разликата е некаде 3:1.

Водство има и во Кичево, како и во Гази Баба каде од досега обработените податоци разликата е некаде околу 3 500 гласа. и Јегуновце според досега добиените резултати ја даде довербата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата