На денешен ден пред 27 години се случи инцидент во британскиот фудбал и тоа на мечот од шкотскиот шампионат помеѓу Рејт Роверс и Глазгов Ренџерс. „Ренџерите“ итаа кон титулата, а во 39 коло се соочија со Рејт.

За време на мечот напаѓачот на Ренџерс Данкан Фергусон, познат како лошо момче, направи инцидент поради што заврши во затвор. Тој го удри со глава противничкиот дефанзивец Џон Максти, а судијата не му покажа ни жолт картон на Фергусон.

Меѓутоа работата ја презема полицијата. Веќе во октомври истата година, судот му изрече затворска казна од два месеци на шкотскиот репрезентативец. Тој одлежа 44 дена и Фергусон стана првиот британски фудбалер кој бил во затвор поради инцидент на фудбалските терени.

Фергусон потоа играше во Евертон, а сега е дел од стручниот штаб на „карамелите“ под водство на Карло Анчелоти.

sportmedia.mk