Еиди Бутројд повеќе не е селектор на репрезентацијата на Англија до 21. година. Тој си поднесе оставка, но тоа и не е изненадување, откако Англичаните не успеаа да обезбедат пласман во втората фаза од Европскиот шампионат. Испаднаа во групната фаза, а клучен беше триумфот од 2:1 против Хрватска кој сепак не беше доволен за минување понатаму.

Со оглед на фактот што со овој селектор Англија не успеа да ја мине групната фаза ниту на Европскиот шампионат во 2019 година ваквиот развој на настаните беше очекуван.

 

sportmedia.mk