Предмалку ФК Шкупи и официјално го промовираше Гоце Седлоски за нов шеф на стручен штаб. Она што Спортмедиа ексклузивно го објави, сега доби и официјална потврда. Трофејниот Македонски тренер седнува на тренерското столче во Чаир, и ќе го води Шкупи во периодот кој следува.

А во него се знае. Атак на највисок пласман, кој Шкупи го посакува, и за кој смета дека токму Гоце Седлоски е кадарен да го оствари.

„Како прво, сакам да им се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите оние кои инсистираа на мое пристигнување.  Имавме разговори во текот на зимата, но во тоа време не најдовме заеднички јазик. Сепак, ете сега најдовме заеднички јазик и јас сум дел од Шкупи.  Амбициите ни се совпаѓаат, а тоа секако е највисок пласман. Имам предвид дека многу се вложува во овој клуб, ангажирани се многу фудбалери, иако искрено познавам само двајца или тројца од овие фудбалери со кои работев малку додека бев во Вардар, додека другите не ми се познати . Следуваат шест мечеви во кои јас дефинитивно ќе добијам слика за екипата – рече Седлоски.

Седлоски го одржа и тренингот, се запозна официјално и со екипата, односно играчите и веќе в недела ќе има и официјално деби на новото работно место. Против тимот на Борец на гостински терен.

 

 

sportmedia.mk