Ако не сте знаеле рускиот претседател не се презува Путин, туку Клутин или барем така мисли неговиот американски колега Џо Бајден кој погрешно го изговори презимето додека зборуваше за политиката на Вашингтон кон Москва и го нарече „Клутин“.

– Исто така, го информирав претседателот Клутин ….. Путин, дека САД се непоколебливи во поддршката на нашите сојузници и партнери во Европа – изјави Бајден.